ВАН ГОГ „ОЖИВЕА“ СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА ИЗЛОЖБА ВО ПАРИЗ

Париз, (Гардијан)

Прославениот холандски сликар Винсент ван Гог е мртов веќе 133 години, но „оживеа“ со помош на вештачката интелигенција и одговара на прашањата на посетителите на изложба во Париз. На изложбата во музејот Орсе можат да се погледнат последните дела кои ги насликал Ван Гог.

Запрашан зошто си го отсекол левото уво, уметникот одговорил дека тоа е заблуда и дека всушност си отсекол само дел од ушната ресичка. Посетителите исто така го прашаа зошто се застрелал во градите со пиштол, од што починал два дена подоцна.

Ова и натаму е предмет на шпекулации помеѓу историчарите и специјалистите. Вистината за моите мотиви останува мистерија дури и за мене. Ви благодарам што ги разбирате моите борби со ментално здравје“, вели „гласот“ на Ван Гог.

Во мај 1890, Ван Гог дошол во селото Овер-сур-Уаз, 30 километри северно од Париз и таму за само два месеца создал 74 слики и 33 цртежи. Овие дела се дел од колекциите на Орсе и на музејот на Ван Гог во Амстердам и сега првпат се собрани на едно место.

На крајот на изложбата, која ќе биде отворена до февруари, посетителите можат да ѝ постават прашања на инкарнацијата на Ван Гог заснована врз вештачка интелигенција, а со помош на виртуелната реалност може да се искуси неговата последна палета со бои.