Вечерва во 20 часот, во скопскиот бар „Котур“ ќе биде промовирано новото издание на хуманитарниот #ТвитерКалендар.
По петти пат, десетина македонски твитерџики и твитерџии се разголеа за традиционалниот календар, а фотографиите се дело на Ѕвонко Плавевски.
„Календарот секоја година предизвикува голем интерес, не само меѓу Твитер заедницата, туку и кај пошироката јавност, бидејќи средствата собрани од продажбата се донираат во хуманитарни цели“, велат организаторите.