Сара Климоска, една од ѕвездите на последниот филм на Милчо Манчевски „Врба“, е прогласена за Европска ѕвезда во подем и наградата ќе ја добие летово во Берлин.
Климоска се најде меѓу 10-те најдобри актерски таленти во Европа и е добитник на наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП). Нивното претставување е закажано од 23 до 25 февруари, една недела пред почетокот на 71. Берлински филмски фестивал. Свеченоста на доделувањето на наградите ќе се одржи налето, кога ќе се доделат и наградите од Берлинале.
Покрај Климоска, во изборот се и млади таленти од Германија, Франција, Холандија, Шведска, Унгарија и Ирска. Жирито вели дека Климоска е вистинско откритие на годината, а нејзиниот талент е особено забележлив во нејзиниот нов филм „Лена и Владимир“, деби на Игор Алексов, кој треба да излезе годинава.
„Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европски таленти на меѓународниот филмски пазар. Од Македонија, оваа награда досега ја добија Лабина Митевска во 2009, Наташа Петровиќ во 2011 и Благој Веселинов во 2019.