Комисијата за заразни болести предложи 58-часовна општа забрана за движење за претстојниот продолжен викенд, што се совпаѓа со празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј, одлучи Владата.

  • Уште четири лица починаа од КОВИД-19, со што вкупната бројка порасна на 110.
  • На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 41-годишен прилепчанец, кој се лекувал повеќе од 40 дена, додека во Градската општа болница „8 Септември“ починаа две лица од Скопје на возраст од 65 и 71 година, како и 73-годишен тетовец.
  • Денеска се потврдени 19 нови случаи на коронавирус (од 512 тестирања), од кои 11 во Скопје, два во Куманово и еден во Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Виница.
  • Од досега регистрираните 1.858 случаи на коронавирус, активни се 381.
  • Бројката оздравени изнесува 1.367, 16 повеќе од вчера.
  • Македонија претстојниот викенд ја очекува уште еден долг полициски час, кој би требало да трае од 19 часот в сабота до пет часот во вторник.
  • „Ваквиот предлог е доставен до Владата бидејќи во изминатиот период не се почитувале мерките да нема собири и групирања, па имаме нови случаи на коронавирус“, кажа министерот за здравство Венко Филипче.
  • Кафулињата нема да се отворат ниту оваа недела и за ова одново ќе се дискутира после празничниот викенд.