„ПЛАСИБО“ ГО ОТКАЖА СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ, КАКО И ЦЕЛАТА ТУРНЕЈА ЗА 2020

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Откажан е концертот на британскиот рок бенд „Пласибо“, кој требаше да се одржи на 25 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, соопшти „Авалон продукција“, додавајќи оти е откажана и неговата цела турнеја за 2020.

„Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за 2021, па повеќе за тоа ќе се знае во средина на септември. Сите оние кои не можат и не сакаат да чекаат ќе можат да си ги добијат парите назад од идната среда“, велат од „Авалон“.

Рефундацијата ќе се врши таму каде што се купени билетите.