Неколку недели по смртта на Арета Френклин, аукциската куќа „Џулиен“ од Њујорк ја најави продажбата на повеќе од 30 фустани на кралицата на соулот.
„Џулиен“ објави дека нејзините тоалети и модни додатоци ќе бидат понудени со предмети од други музички икони, на 9 и 10 ноември во Њујорк.
Фустаните на Френклин, се очекува да достигнат до цена од 4.000 долари поединечно, а меѓу нив е и црвениот фустан со светки, дизајниран од Арнолд Скази, познат како креатор на првите дами на САД. Ќе се продава и блузата оо од луксузниот бренд „Сент Џон“, кој Френклин го носеше кога го доби Националниот медал за уметност во 1999 година од тогашниот претседател Бил Клинтон.
Аукциската куќа не ги откри сопствениците на фустаните.
Френклин почина на 16 август, а погребот беше на 31 август во нејзиниот роден град Детроит.