Неговите креации ги носат милионери и филмски ѕвезди, принцези и премиери, аристократи и олимпијци. Тие се симбол на успех, луксуз и постигнување. Легендарниот дизајнер Ралф Лорен одбележа 50 години кариера со гала настан во Централ парк во Њујорк.

Келвин Кларјн, Дона Каран, Мајкл Корс и Ланс Лепер (Фото: Њујорк тајмс)

Американскиот моден бренд организираше модна ревија и свечена вечера, со најзначајните имиња од музичкиот и филмскиот свет, медиумите и модата, како: Хилари Клинтон, Опра Винфри, Марта Стјуарт, Ана Винтур, Роберт де Ниро, Ен Хатавеј , Џесика Честејн, Стивен Спилберг и Томи Хилфигер.

Поранешниот топ модел и вдовица на Дејвид Боуви, Иман (Фото: Њујорк тајмс)

„Вистинската причина поради која сме сите тука не е ревијата, туку ти Ралф“, рече Винфри.

„Ралф е Светиот грал во модата. Без разлика дали ви продава палто, слика или хамбургер, тој секогаш дизајнира сон“, изјави креаторот Александар Венг.

Лорен одбележа 50 години кариера со гала-настан во Централ парк во Њујорк (Фото: Њујорк тајмс)

На пистата продефилираа над 100 модели, машки, женски, деца, возрасни во она по што Лорен е најпрепознатлив, по традиционалниот стил. Имаше плетени креации, од твид, кошули во вестерн стил, додека земјените бои преовладуваа за фустаните.

Дизајнерот ја почнал кариерата во 1967 со машка колекција, креирајќи ја познатата „поло“ маичка, а женската ја лансирал во 70-тите години на минатиот век.

Џиџи Хадид/ Каја Гербер меѓу моделите на ревијата