Активистите за правата на жените синоќа во Лондон одеа по црвениот килим заедно со некои од најголемите актерски ѕвезди на доделувањето на наградите на Британската филмска академија БАФТА во „Ројал Алберт хол“.
Повеќето актерки го повторија сличниот протест против сексуалното вознемирување во забавната индустрија, што првпат се случи на Златните глобуси во Лос Анџелес минатиот месец. И машките и женските гости носеа беџови за поддршка на кампањата „Времето истече“.
Меѓу гостите беше и принцот Вилијам, кој е претседател на Британската филмска академија, со сопругата Кејт, војвотката од Кембриџ, која носеше темнозелен фустан на Џени Пакам со црна лента под градите.
Критичарите велат дека изборот на фустанот на Кејт е златна средина помеѓу давањето политичка изјава, нешто што им е забрането на членовите на кралското семејство и игнорирањето на движењето со неносење на црна боја.