Алесандра Амброзио, Никол Кидман и Синди Крафорд позираа како ликовите од ТВ-серијата „Чарлиевите ангели“ за новата реклама на часовниците „Oмега“.
Крафорд (52 години), Кидман (51) и Амброзио (37) ја повторија легендарната поза на Фара Фосет, Џеклин Смит и Кејт Џексон од серијата, која се емитуваше од 1976 до 1981 година. Во поново време, во овие три улоги се појавија Камерон Дијаз, Дру Баримор и Луси Лиу.
Настанот се одржа по повод лансирањето на новата колекција часовници „Соѕвездие“.