Архитектите од студиото на Заха Хадид го завршија плоштадот и парк Елефтерија, што се протега покрај историските венецијански ѕидини на Никозија, Кипар.
Плоштадот Елефтерија е изграден на повеќе нивоа во дел од градот кој ја означува границата меѓу најстариот дел и новите населби. Архитектите ја трансформираа оваа претходно недостапна област во повеќе шеталишта со дрвја, плоштади, зелени површини и фонтани. Елефтерија сега е најголемиот урбан плоштад во градот, а просторот ќе се користи за фестивали и јавни настани.
Нивниот план е овој парк да биде првата фаза во создавањето на зелен појас околу стариот град.
„Дизајнот предлага овие нови јавни простори да се прошират за да ги следат античките градски ѕидини и да ја заокружат Никозија и повторно да ги поврзат заедниците на овој поделен главен град“, велат архитектите.