Специјални светлосни инсталации, визуелни ефекти и перформанси, на што соработуваат стотици домашни и странски мултимедијални уметници и музичари, ќе создадат сосема нов амбиент во Нови Сад на новогодишниот дочек.

Подготвувајќи се да го преземе статусот на Европска престолнина на културата, Нови Сад симболично ќе влезе осветлен во 2022 година, а целата програма е инспирирана од еден од најголемите научници на сите времиња, Никола Тесла.

Како што соопштија организаторите, „Светлосната галерија на Тесла“ ќе претстави ретко видени светлосни инсталации и уметнички дела, а низ градот концептуално ќе бидат поставени повеќе од 100 ласери, проектори и други светлосни уреди.

Целиот тим вложи многу труд во ова. Целта беше да ја раскажеме приказната за Тесла со уметнички алатки и притоа да ги комбинираме нашите разновидни уметнички искуства. Галеријата ќе ги прикаже различните аспекти на животот на Тесла, неговиот однос кон светлината и начинот на кој неповратно го промени светот“, изјави бугарскиот уметник Петко Танчев.