КИНА ДОБИ ЗГРАДА СО 100-МЕТАРСКИ ВОДОПАД, АМА РЕТКО СЕ ВКЛУЧУВА ОТИ Е СКАПО

Пекинг, (Дејли мејл)

Вештачки водопад се слева од фасадата на нов облакодер во кинескиот град Гуијанг, чија необична архитектура стана светска атракција, но бидејќи тоа чини доста скапо, тој не се вклучува често.

Деловната зграда „Лиебијанг“ е висока 121 метар, а неговата предна страна ја покрива водопад, кој паѓа од висина од 108 метри.

„Голем дел од водата доаѓа од рециклирана вода од чешма или од дождовница. Нашата зграда има подземен четирикатен резервоар за вода и систем за одводнување, од кој водата се пумпа и се рециклира“, изјави портпаролот на „Гуиџу лудија проперти менаџмент“, компанијата во чија сопственост е зградата.

За движење на водата, на еден час се троши електрична енергија од 120 долари.

„Затоа и не го вклучуваме водопадот секој ден, туку само за специјални прилики. Кога е активен, тоа трае меѓу десет и 20 минути“, додаде тој.