КИНА ГО ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ АЕРОДРОМ НА ВЕШТАЧКИ ОСТРОВ НА СВЕТОТ

Кина, (Си-Ен-Ен)

Кина објави дека го гради најголемиот аеродром на светот на вештачки остров. Меѓународниот аеродром „Далијан Џинжу беј“ се гради покрај североисточниот брег на Кина, на остров од 20 квадратни километри.

Аеродромот ќе има четири писти и патнички терминал од 900.000 квадратни метри. Првата фаза треба да биде отворена во 2035 година. Најавено е дека годишно ќе опслужува 80 милиони патници од 540.000 летови.

Кога ќе биде завршен, тоа ќе биде најголемиот аеродром на светот изграден на вештачки остров, надминувајќи ги аеродромите во Хонгконг и „Кансаи“ во Јапонија.

Далијан, град со 7,5 милиони жители, долго време важи за транспортен центар поради близината на Јапонија и Јужна Кореја.