КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ФОРМА НА ПТИЧЈИ КРИЛЈА Е НОВИОТ ПРОЕКТ НА „ЗАХА ХАДИД“ ВО КИНА

Џухај, (Дезин)

Покрив направен според модел на крилја на птици преселници има Културниот центар во кинескиот град Џухај, на кој работат архитектите од студиото „Заха Хадид“.

Објектот наречен Центар за граѓанска уметност се гради во езерце и ќе има театарска сала со 1.200 седишта, мултифункционална сала со 500 седишта, научен центар и музеј.

(Фото: „Заха Хадид“)

Според архитектите, целта е објектот да стане центар на современа креативност во регионот. Тој ќе биде поделен на две големи и две мали крилја, во кои ќе бидат сместени наменските сали.

(Фото: „Заха Хадид“)

Четирите објекти се симетрично споени со централен плоштад, кој ќе служи како надворешно фоаје. До него ќе се стигнува преку мостови од околните брегови. Плоштад ќе има и на покривот, заедно со амфитеатар за настани на отворено.