ЛОНДОН ЌЕ ДОБИЕ 541 НОВ ОБЛАКОДЕР

Лондон, (Дезин)

Бројката на нови облакодери кои треба да се изградат во Лондон порасна на 541, откако беа пуштени нови дозволи за градба, стои во истражувањето на Нова лондонска архитектура (НЛА). Според студијата, облакодерите ќе станат нов заштитен знак на главниот град на Велика Британија.

Годишното истражување, кое беше објавено неделава, утврдило шестпроцентно зголемување на бројот на згради повисоки од 20 ката, што биле планирани уште од лани. Само осум високи згради не добиле дозвола за градба.

Лани биле изградени 25 високи згради, што е половина од планираните. Годинава е планирано да се завршат 76, кои ќе се додадат на веќе постоечките 360 високи згради.