ЛУЃЕТО, ЖИВОТНИТЕ И ПРИРОДАТА ЌЕ ЖИВЕАТ ВО ХАРМОНИЈА ВО НОВА ДРВЕНА НАСЕЛБА ВО КОПЕНХАГЕН

Копенхаген, (Дезин)

Копенхаген ќе добие нова населба која ќе биде направена комплетно од дрво и во чија суштина ќе биде природата.

Феледби ќе се гради на местото на поранешна депонија на периферијата на градот и во нискокатните згради ќе можат да се сместат 7.000 луѓе, додека 40% од просторот ќе биде природен пејзаж.

Комбинирајќи одржлива архитектура и еколошки принципи, населбата ќе им служи и на луѓето и на животните, па куќички за птици и живеалишта за животни ќе бидат вградени во фасадите на зградите. Предвидени се и јавни градини за привлекување пеперутки и езерца за жаби и други помали водоземци.

Населбата е проектирана од данскиот архитект Хенинг Ларсен, кој притоа соработувал со инженери и биолози и целта е да се покаже дека модерното домување може истовремено да ги задоволи потребите на луѓето, животните и на природата.

Ова ќе биде прва населба направена целосно од дрво, а со вклучувањето на природни живеалишта ќе се поттикне побогат развој на растенија и животни. Тоа ќе биде град со рурален изглед во кој ќе постои одржлив пакт помеѓу луѓето и природата“, вели Ларсен.

Феледби ќе се простира на површина од 18 хектари и ќе има карактер на мала, интимна заедница. Засега не е познато кога ќе биде завршена.