МУЗЕЈОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СЕПТЕМВРИ

Лос Анџелес, (Дезин)

Прославениот италијански архитект Ренцо Пијано го доврши Музејот на Академијата за филмска уметност и наука во Лос Анџелес, додавајќи бетон и стаклена сфера на зградата од 1930-ите. Музејот на институцијата која ја доделува престижната филмска награда Оскар ќе се отвори на 30 септември 2021.

Фото: Дезин

Архитектонското студио на Пијано, кој е добитник на Прицкерова награда, го реновираше објектот и ја додаде Сферата, структура во форма на купола, во која се сместени киносали. Сферата е направена од челик и бетон и обложена со 1.500 стаклени ќерамиди, исечени во 146 различни форми и големини од производители во Австрија.

Музејот ќе биде посветен на уметноста и науката на филмот и зафаќа површина од 4.600 квадратни метри. Ќе има изложбен простор, две киносали, ресторан и едукативно катче именувано по Ширли Темпл.