Каскада од тераси е ср’жта на новиот објект на архитектонското студио „Заха Хадид“, Музејот за наука и технологија, кој се гради во Шенџен, Кина. Објектот во форма на камче треба да биде готов во 2023, ќе се простира на површина од 125.000 квадратни метри и ќе има големи површини со јавни простори, галерии и едукативни центри. Терасите и големиот застаклен ѕид се поставени на западната страна на објектот, обезбедувајќи поглед на паркот во близина.

Студиото го дизајнираше проектот следејќи ја желбата на властите да го промовираат градот како нов центар за иновации.
„Музејот ќе биде клучна дестинација за учење и истражување на моќта на науката и технологијата“, изјавија архитектите, додавајќи дека ќе биде изграден со почитување на еколошка одржливост.