ПОГЛЕД КОН СИЕТЛ ОД 152 МЕТРИ ВИСИНА – СПЕЈС НИДЛ ДОБИ СТАКЛЕН ПОД

Сиетл, (Дејли мејл)

Кулата Спејс нидл во Сиетл, која е висока 184 метри, доби ротирачки стаклен кат, овозможувајќи им на посетителите да гледаат 152 метри надолу. Новиот кат наречен Луп дава поглед не само на луѓето што се движат долу, туку и на внатрешноста на објектот.

Стаклениот кат оди заедно со новоотворените стаклени ѕидови и клупи, кои создаваат илузија на пловење над градот. Повеќе од 176 тони стакло беа искористени во реновирањето.

Кулата е отворена во 1962 година, а големото реновирање чинело 100 милиони долари (Фото: Гети)

Ричард Грин, кој ја дизајнираше ротациската стаклена подна атракција, вели дека посетителите нема за што да се грижат.

„Има десет слоеви стакло меѓу нас и 500 метри надолу и тие се врзани заедно со внатрешен слој со голема јачина. Тоа значи дека дури и ако добиеме пукнатина на едно од овие парчиња, пак ќе биде добро”, вели Грин.

Семејството Рајт, кое ја изгради и поседува кулата, минатиот месец објави дека инвестирало 100 милиони долари во првото големо реновирање во 56-годишната историја на Спејс нидл.