ПОРАНЕШЕН АЕРОДРОМ ВО ШАНГАЈ ПРЕТВОРЕН ВО ПАРК ДОЛГ ДВА КИЛОМЕТРА

Шангај, (Дезин)

Архитектонското студио „Сасаки“ дизајнираше парк на местото на поранешниот аеродром „Лонгхуа“ во Шангај. Паркот долг 1.830 метри е изграден на местото на пистата на единствениот цивилен аеродром во Шангај по Втората светска војна, што беше затворен за употреба во 2011 година.

„Паркот е иновативен проект за урбана ревитализација кој вдахнува нов живот во уникатно парче од историјата на Шангај“, рече Доу Џанг, директор на канцеларијата на „Сасаки“ во Шангај.

Фото: Дезин

Паркот содржи линеарно поставени пешачки и велосипедски патеки, а по нивната должина се засадени шест редови листопадни дрвја. Паркот е поделен на неколку помали градини и раззеленети области кои се поврзани со бетонирани патеки.

„Необичната линеарна и монолитна форма на постојната писта ни понуди неограничена инспирација“, рече Џанг.