ЈАС СУМ ЗА ЗАКОН И РЕД – ЧАК НОРИС ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА БИЛ ВО ТОЛПАТА КОЈА УПАДНА ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

Вашингтон, (Гардијан)

Чак Норис јавно демантираше дека бил дел од толпата која минатата недела насилно упадна во американскиот Конгрес, откако на интернет се прошири фотографија од демонстрант кој личи на него.

„Тоа не сум јас, ниту бев таму. Во нашето општество нема место за насилство од каков било вид. Јас сум и секогаш ќе бидам за закон и ред“, напиша 80-годишниот актер и мајстор на боречки вештини на Твитер.

Тврдењето на Норис, кој е познат по своите конзервативни ставови и го поддржа Доналд Трамп во 2016, беше потврдено и од неговиот менаџер.

„Чак цело време престојува со семејството на својот ранч во Тексас“, изјави Ерик Крицер и додаде дека Норис е многу позгоден од човекот на фотографијата.