Русија ќе отвори Музеј на Арктик, на рускиот дел од Северниот пол, во хангар на поранешна истражувачка станица, објави државната агенција ТАСС.
Тоа ќе биде најсеверен музеј во Русија, кој се очекува да биде готов вгодина. Музејската поставка ќе прикаже како се истражувал Арктикот и што сѐ е работено на Северниот пол.
„До летото 2020, најзначајните артефакти ќе биде поставени во хангарот, а експертите ќе почнат да ја подготвуваат изложбата која ќе биде посветена на историјата на Арктикот“, соопшти Воено-историското друштво на Русија кои се организатори на поставката.
Истражувачката станица во заливот Тихај работела помеѓу 1929 и 1957, а затворена е во 1959.