„НОКАУТ“ СО КОНЦЕРТ НА ХЕРАКЛЕЈА НА 5 ЈУЛИ, СО БРЕЈК КАКО ГОСТИН

Битола, (СМАРТ СДК.МК)
Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт на Хераклеја во Битола, на 5 јули. Гостин ќе биде Дарко Гелев – Брејк. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата со Брејк како гостин.
„Кога бев многу млад, поминував покрај Дом на градежници, тогаш уште ги имаше оние стари вентилатори. Слушнав бенд како свири, ѕирнав зад вентилаторот од надвор, и внимание ми привлече пејачот, не ми беше познат. Години подоцна, патиштата ни се вкрстија“, рече фронтменот на „Нокаут“ за Брејк на првиот од скопските концерти лани.
Во октомври минатата година, „Нокаут“ во Скопје го промовираше својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“
Билетите за концертот во Битола се продаваат преку мрежата на mktickets.mk а го организита продукција „Сцена“.