ШВЕДСКИ АРХИТЕКТИ ПРЕДЛАГААТ ПОКРИВОТ НА НОТР ДАМ ДА СЕ ЗАМЕНИ СО БАЗЕН

Стокхолм, (Гардијан)

Не е шега: шведско архитектонско студио предложи на местото на изгорениот покрив на Нотр Дам да се изгради базен.

Средновековниот покрив и една од кулите на париската катедрала беа уништени во пожарот минатиот месец, по што претседателот Емануел Макрон вети дека целосно ќе ја обнови и дека е отворен за модерни решенија. Франција наскоро ќе отвори меѓународен конкурс, но идеите кои досега беа пласирани во јавност тешко дека ќе ги задоволат традиционалистите.

Меѓу предлозите има стаклена градина, парк, шума и кристално-челична пирамида, додека студиото од Стокхолм, „Улф Мејергрен архитектс“ (УМА), има во план целиот покрив во облик на крст да го замени со еден километар долг базен, што ќе го надгледуваат претходно отстранетите 12 скулптури на апостоли.

„Според нашето мислење, катедрала не е изолиран остров во урбана средина, таа им припаѓа на градот и на сите луѓе“, велат од УМА.