Легендарниот метал бенд „Металика“ влезе во светот на детското издаваштво.

Илустрираната книга „Азбуката на Металика“ (The ABCs of Metallica) ќе излезе на 26 ноември и средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарната фондација на групата, „All Within My Hands“. Бендот ја напиша книгата во соработка со писателот Хауи Абрамс, со илустрации на Мајкл Меклир.

„Преку рими и илустрации, книгата се навраќа на историјата на бендот од А до Ш. Секоја буква од азбуката означува момент од нашата кариера, од првите, гаражни денови до забавни факти за нас“, стои на интернет-страницата на „Металика“.

Десеттиот студиски албум во 38-годишната кариера на бендот излезе во 2016 и се продаде во пет милиони копии низ светот и беше номиниран за Греми.