ЏЕНИФЕР ЛОПЕС ПРОДАВА АПАРТМАН ВО ЊУЈОРК ЗА 27 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Њујорк Тајмс)

Џенифер Лопес го продава апартманот во Њујорк за 27 милиони долари. Апартманот е на два ката и се наоѓа на поткровје во луксузна зграда, со поглед на Медисон Сквер парк. Има четири спални соби, шест тоалети и четири тераси.

Апартманот има приватен лифт, систем за греење и ладење кој што се контролира преку ајфон или ајпед. Собите се големи и простани, со стаклени врати. Спалната соба се наоѓа на вториот кат на апартманот и има сопствена тераса.

Соседи на Лопес во Њујорк и беа Челси Клинтон, ќерката на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, и НАСКАР возачот Џеф Гордон.
Џенифер Лопес од март е во врска со поранешниот безбол играч Ален Родригес.