ЏОРЏ И АМАЛ КЛУНИ НУДАТ РУЧЕК ЗА ДВАЈЦА ВО ВИЛАТА НА КОМО

Милано, (Си-Ен-Ен)

Џорџ и Амал Клуни нудат можност за ручек со нив двајца во Италија. Двојката ќе го покани добитникот со неговиот придружник во нивната куќа покрај езерото Комо да „уживаат во италијанско ‘просеко’ и разни видови италијански и увезени кашкавали и сирења“.

„Запознајте ги Џорџ и Амал додека уживате во погледот на езерото и на Алпите. Ова не е сон. Ќе одите на двоен состанок со Џорџ и Амал Клуни. Ќе имате шанса за ручек, смеа и да ги запознаете одблизу. Во понудата се вклучени лет и хотелски престој“, стои во поканата.

Аплицирањето оди преку хуманитарната организација „Клуни“, основана во 2016. Не е потребно да се плати за апликација, а ако учесниците сакаат да донираат, парите ќе одат во организацијата.