60 ГОДИНИ „МИНИ“, МАЛ АВТОМОБИЛ КОЈ СТАНА ИКОНА НА ПОП КУЛТУРАТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Конвој од 60 автомобили „мини“ помина низ Оксфорд, одбележувајќи ја 60-годишнината на еден од најсимпатичните автомодели на светот. Процесијата, која тргна од фабриката во Коули, содржеше модели од целата историја на „Мини“. Меѓу другите, можеа да се видат првиот модел произведен на 26 август 1959 година и неколку специјални изданија.

Оригинално дизајниран од сер Александер Исигонис за некогашната „Британска мото корпорација“, малиот автомобил стана икона на поп културата, благодарение и на филмови како „Италијанска работа“. Освен што не варираше многу во изгледот и големината, „мини“ цело време продолжи да се произведува во Оксфорд, сега од БМВ.

Крис Мос од Линколн нема еден, туку што вакви автомобили, од кои најстар е од 1962 година.

„Мојата љубов кон овој бренд почна кога имав 17 години, кога собрав доволно пари да купам и да обновам еден стар ‘мини‘. Поголемиот дел од времето и парите го трошам на нив. Ова не е евтино хоби, но вреди“, вели Мос.

Класичниот „мини“ престана да се произведува во 2000 година по 5,4 милиони продадени примероци, а новото поглавје беше отворено во 2001.