Електроника и бања не се баш најдобра комбинација, но изгледа тоа правило не важи ако се бањате во една од најскапите кади на светот, која има вградени амбиентални светла, машина за пареа и смарт додатоци.
Компанијата „Колер“ ја претстави кадата „Stillness“, која се продава за цени од 6.198 до 15.998 долари во САД. Најскапата верзија е поврзана со дигитален асистент, на кој можете да му кажете да ја наполни кадата додека одите накај дома.
Името „Stillness“ (Мирување) значи не само смирено уживање во топла бања, туку и во тишина, со оглед на тоа што кадата сама се полни одоздола, за разлика од гласниот млаз вода кој тече од чешмата.
„Колер“ е познат по смарт дизајни, па така претходно разви туш кој има свој звучник и смарт асистент.