Измина точно година откако светот ја шокираше веста за хеликоптерска несреќа во која загинаа кошаркарската легенда Коби Брајант, неговата деветгодишна ќерка Џана и уште седум лица. Брајант имаше само 41 година, но во така краток живот успеа да освои пет шампионски титули во НБА, да се закити со Греми и Оскар, да објави детски книги кои станаа бестселери и да го зацементира својот статус на еден од најголемите и најомилени кошаркари и спортисти на сите времиња.

1996: Брајант како 17-годишно момче влезе во НБА и имаше детска насмевка кога Лос Анџелес Лејкерс го претстави како најнов член на франшизата. Тој во наредните 20 сезони не облече дрес на ниеден друг клуб.

1997: Во дебитантската сезона имаше просек од 7,6 поени по меч, а веќе следната првпат заигра на Ол стар натпревар и го започна својот метеорски подем.

2000: Ја предводеше парадата во Лос Анџелес, кога ја славеше првата од своите пет шампионски титули.

2004: Репутацијата на Брајант беше оцрнета од обвинувањата за силување на 19-годишна хотелска работничка. Брајант се извини, но случајот беше отфрлен откако девојката која го тужеше одби да сведочи.

2005: Коби се врати со најдобрата напаѓачка сезона во својата кариера, со просечни 35,4 поени по натпревар.

2009: Го предводеше Лејкерс до четвртата титула, прва без Шекил О‘Нил.

2010: Петта и последна титула во кариерата на Брајант.

2012: Двапати играше со САД на Олимписки игри и двапати се закити со злато.

2015: Имаше просек од 22,3 поени по меч во својата претпоследна сезона во НБА.

2016: Коби добиваше овации каде и да играше во својата последна сезона на кошаркарските терени.

2020: Брајант посмртно е примен во кошаркарската Хала на славните.

(Фото: АП)