АНГЛИСКА ДИЗАЈНЕРКА ПРАВИ ОБЛЕКА ОД ОСТАВЕНИ ШАТОРИ ПО КАМПОВИ И ФЕСТИВАЛИ

Лондон, (Дезин)

Лондонската дизајнерка Клое Бајнс дизајнираше колекција со облека и накит направени од искористени шатори и метални шипки кои биле оставени после музички фестивали.

Колекцијата насловена „Во шатори: после забава“ ( In Tents: The After Party) е направена во соработка со Бел Смит, кој направи соодветни обетки и прстени од патентите на шаторите.

Фото: Дезин

Во колекцијата има парчиња како куси маички, фустани и здолништа од искористени шатори.

Бајнс вели дека се инспирирала за колекцијата по посетата на фестивал Бумтаун во 2018, кога забележала дека има премногу останати и расфрлани шатори и се запрашала дали може да бидат сошиени заедно на истиот начин како што се прават алишта. Со помош на пријателите собирала искористени шатори од разни места, огранизации и фестивали.

„Предизвик беше да се искористат материјали кои можат да бидат рециклирани. Обврска е на нас дизајнерите да користиме одржливи материјали во модната индустрија за подигање на свеста за отпадот“, рече Бајнс.