„Ербас“ предизвика големо внимание со дизајнот на најновата верзија на својот авион „белуга“, кој беше откриен во францускиот град Тулуз.

Новиот „белуга ЕксЛ“ („ербас А330-700Л“) беше специјално нашминкан, вклучувајќи конусен нос, сини очи и насмеана уста, за да стане вистински летечки кит.

Новиот изглед на авионот беше избран од 20.000 вработени во компанијата, на кои им биле дадени шест опции за гласање. Победничкиот дизајн добил 40% гласови.

Овој авион е заснован на моделот А330-200, кој стана познат под името „белуга“, бидејќи со изгледот потсетува на белиот арктички кит. Тоа е транспортен авион, кој ги превезува деловите за авионите на „Ербас“ од производствените погони низ Европа до крајните дестинации во Тулуз, Хамбург или Тијанџин.