„Ербас“ ги објави плановите за она што беше наречено прв комерцијален авион со нулта емисија на штетни гасови. Од компанијата велат дека нивните авиони со погон на водород би можеле да почнат да летаат до 2035 година.

„Ова е историски момент за комерцијалниот авионски сектор. Користењето на водород има потенцијал значително да го намали влијанието на авијацијата врз климата“, изјави извршниот директор на „Ербас“, Гијом Фори.

„Ербас“ претстави три визуелни концепти на авиони со погон на водород наречени „ZEROe: два од нив би можеле да превезат до 200 патници на дистанца од 3.700 километри, додека третиот модел би имал двојно помали капацитет и домет. Сите три авиони би имале мотори способни да согоруваат течен водород, а потоа преку горивни ќелии би се создавала електрична енергија. Сепак, од „Ербас“ признаваат дека за да се реализира оваа идеја, аеродромите би требало да инвестираат голема сума на пари во инфраструктурата за полнење гориво.

Инженерите на „Ербас“ наскоро ќе почнат да работат на демонстратор, чии првични резултати се очекуваат следната година.