Инспиративната нова верзија на куклата Барби ќе поттикне млади девојки да започнат кариера во областа на инженерството и науката, објави производителот.
„Барби, која на пазарот се појави во 1959 година, се гордее со себеси што ќе почне да работи во области во коишто жените не се доволно застапени, а не само да изгледа убаво и да танцува со Кен“, велат од „Мател“.
Тие објавија кампања „Работа на годината“, во која Барби станува инженер за роботи, професија во којашто во реалниот живот девет од десет се мажи.
„Мател“ соработуваше со платформата за игри „Тинкер“ и децата ќе можат да играат онлајн со Барби.
Новата кукла се приклучува на повеќе од 200 кариери што ги има Барби. Само 24 отсто од работните места во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката во САД ги имаат жените.