ДРЕСОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЕП ИЗРАБОТЕНИ ОД РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фудбалската федерација на Македонија ги претстави дресовите во кои репрезентацијата ќе игра на своето деби на европските првенства.

Тие се изработени од германската компанија за спортска опрема „Јако“, а колекцијата содржи црвена, бела и црна варијанта, чиј заеднички мотив е балканскиот рис. Од ФФМ кажаа дека дресовите се направени од рециклирани материјали.

Европското првенство, што ќе се игра во 11 држави, почнува на 11 јуни, а Македонија ќе дебитира два дена подоцна, против Австрија во Букурешт.