Уметничка инсталација создаде оптичка илузија дека Ајфеловата кула стои над голема провалија.
Ова е последното дело на францускиот уличен уметник и фотограф Жи Ар, инсталирано на плоштадот Трокадеро пред обележјето на Париз. Кога посетител ќе застане на точното место, уметничкото дело во преден план и кулата во позадина совршено се совпаѓаат и се добива неверојатна оптичка илузија.
Триесет и осумгодишниот Жи Ар во март годинава создаде оптичка илузија на огромна пукнатина на ренесансната фасада на палатата Строци во Фиренца, откривајќи ја нејзината внатрешност. Тој претходно има создадено и монументални фотографски колажи во фавелите на Рио де Жанеиро, на Лувр во Париз и на ѕидот на американско-мексиканската граница.