ФРАНЦУСКИ УМЕТНИК СОЗДАДЕ ОГРОМНА ПУКНАТИНА НА ПАЛАТА ВО ФИРЕНЦА ЗА ДА ПОВИКА НА ОТВОРАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ УСТАНОВИ

Фиренца, (АФП)

Францускиот уметник ЈР го претстави едно од своите најдраматични дела досега, со кое повика на отворање на културните установи, кои веќе една година главно не работат поради пандемијата на коронавирусот.

Насловено „Рана“, тој создаде оптичка илузија на 28 метри висока и 33 метри широка пукнатина на ренесансната фасада на палатата Строци во Фиренца, откривајќи ја нејзината внатрешност, која е исполнета со славни уметнички дела.

„Тие велат дека музеите се затворени, но на нас е да ги отвориме. Во изминатите месеци бевме лишени од можноста да бидеме заедно, но имаме слобода да сонуваме, креираме и да ја замислуваме иднината“, нашиша ЈР на Инстаграм.

Тој претходно има создадено монументални фотографски колажи во фавелите на Рио де Жанеиро и на Лувр во Париз.