ХОЛАНДСКИ ИСТРАЖУВАЧИ РАЗВИВААТ ВЕШТАЧКА МАТКА ЗА ПРЕРАНО РОДЕНИ БЕБИЊА

Ајндховен, (Гардијан)

Технолошкиот универзитет во Ајндховен (Холандија) доби грант од 2,9 милиони евра за да развие работен прототип на вештачка матка за прерано родени бебиња, што би се користела на клиники. Моделот би требало да им обезбеди вештачко дишење на бебињата.

Сепак, за разлика од сегашните инкубатори, вештачката матка би нудела услови многу слични на биолошките, при што бебето би било окружено со течности и би примало кислород и хранливи материи преку вештачка плацента поврзана со папочната врвка.

Сегашниот пристап е проблематичен бидејќи прерано родените бебиња немаат целосно развиени бели дробови и црева, па обидите да им се обезбедат кислород и хранливи материи можат да резултираат со нивно оштетување. Вештачка матка може да го промени тоа. Белите дробови во вода можат целосно да се развијат, а бебето ќе прима кислород преку папочната врвка, исто како и во природната матка“, вели Гуид Оеи, професор на Технолошкиот универзитет.

Тимот се надева дека работен прототип на вештачка матка ќе почне да се користи во клиники за пет години и би бил прв на светот.