Боб Марли е една од најомилените личности во Даблин и ова го покажа и локалниот фудбалски прволигаш Бохимијан, ставајќи го неговиот лик на своите дресови.
Потегот на челниците на клубот ги воодушеви не само фановите, туку и семејството на починатата реге легенда.
„Ова е најсупер дрес што го имам видено, многу ми се допаѓа“, кажа 42-годишниот син на Марли, Кај-Мани.
Овој дрес играчите на Бохимијан ќе го носат на мечевите на гостински терен наредната сезона.
Клубот се решил на ваков потег во чест на концертот што Боб Марли го одржа на неговиот стадион „Делимаунт парк“ во 1980 година. Во близина на стадионот Марли има добиено и мурал.