„Тесла“ ќе добие неочекуван конкурент во Европа откако кинеската автокомпанија „BYD“ (Build Your Dreams) објави дека токму тука ќе го промовира својот нов електричен автомобил „хан“.
Петметарската лимузина ќе има светска премиера во Кина следниот месец, пред да дојде во Европа. Засега не е познато кога ќе почне европското производство на „хан“.
„Ние веруваме дека ‘хан‘ го комбинира најдоброто од источната мудрост и западната естетика“, изјави потпретседателот на „BYD“, Јубо Лијан.
„Хан“ е првиот електричен автомобил опремен со новата технологија на „Blade“ батерии, која, според компанијата, ги зголемува траењето и безбедноста на батеријата, наспроти стандардните литиум-јонските. Со едно полнење, „хан“ наводно може да помине 600 километри, а до 100 км/час забрзува за 3,9 секунди. Максималната брзина не е објавена.
Се очекува неговата цена да биде меѓу 45.000 и 55.000 евра.