КИНОТЕКАТА РАСПИША КОНКУРС „ПОСЛЕ ДОЖДОТ“ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ НА „ПРЕД ДОЖДОТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кинотеката на Северна Македонија распиша конкурс во чест на 30-годишниот јубилеј на македонскиот и светски филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Оттаму велат дека конкурсот „После дождот“ е наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници…

„Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути) во кој било видеоформат кој ќе користиш барем една реплика од филмот ‘Пред дождот‘. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот“, велат од Кинотеката.

Изработените трудови треба да се испратат на [email protected] или на Кинотека на Република Северна Македонија, Никола Русински бр. 1. Селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана пред широка домашна и меѓународна публика, а наградите ќе бидат објавени наскоро. Рок за пријава е до 1 октомври 2024.

Дополнителни информации за филмот можат да се најдат на сајтот Manchevski.com.