Најстариот светски автопроизводител „Мерцедес-Бенц“ во Стокхолм го претстави своето прво електрично возило под брендот EQ.
Со официјално име EQC 400 4Matic, тој е претставен како голем луксузен теренец со авангарден електроизглед.
„EQC, првиот целосно електричен теренец на ‘Мерцедес‘, претставува пресвртница во нашето работење. Електричниот погон е главната компонента на нашата идна мобилност. Затоа вложуваме повеќе од десет милијарди евра во ширењето на понудата на моделите EQC и повеќе од милијарда евра во глобалното производство на батерии“, изјави Дитер Цече, првиот човек на компанијата.
Со должина од 4,7 метри и тежина од само 2,4 тони, тој користи два мотора (еден напред и еден одзади), но секој мотор е конфигуриран различно. Капацитетот на батеријата изнесува 80 киловат часови и со едно полнење можат да се поминат 450 километри.
Со погонот од 408 коњски сили, тој до 100 км/час забрзува за 5,1 секунда, додека максималната брзина е ограничена на 180 км/час.