НАЈУБАВИТЕ ЗИМСКИ ФЕСТИВАЛИ ВО СВЕТОТ СО СКУЛПТУРИ КОИ СЕ ПРАВАТ ОД СНЕГ И МРАЗ

САД, (Дејли паспорт)

Од ледени скулптури до волшебни натпревари во резбање на снег, зимските фестивали ја трансформираат студената сезона во прослава на креативноста и заедницата, нудејќи нешто незаборавно. Ова се пет од најуникатните зимски фестивали во светот според „Дејли паспорт“.

„Денови на снегот“, Банф и Лејк Луиз, Канада

(Фото: Шатерсток)

Во текот на неколку недели кон крајот на јануари и во почетокот на февруари, посетителите можат да се восхитуваат на поголеми скулптури низ центарот на Банф во првиот национален парк во Канада. Покрај скулптурите од снег и мраз, посетителите можат да уживаат во забава во живо – од музика и танцување до вртење хулахоп и циркуски точки.

Фестивалот „Оган и мраз“ во регионот Фингер Лејкс во северниот дел на Њујорк (фото) привлекува големо внимание поради своите уникатни атракции. Натпреварите во правење скулптури од мраз и брзо резбање резултираат со импресивни дела, додека изведувачите со оган ги воодушевуваат туристите.

Меѓународен шампионат во скулптури на снег, Брекенриџ, Колорадо

(Фото: Алами)

Овој петдневен настан привлекува меѓународни уметници кои се истакнуваат во изработување скулптури од снег. Од 20 до 24 јануари 2025, 12 тима вешти скулптори од целиот свет ќе работат на блок од 25 тони снег. Тие ќе работат 96 часа само со рачни алатки.

Снежен фестивал во Сапоро, Јапонија
Во февруари 2025 фестивалот ќе го прослави 75. роденден. Настанот започна во 1950, кога група ученици создаде шест снежни скулптури во паркот Одори. Оттогаш, фестивалот значително порасна и сега зафаќа три локации низ градот. Одори е дом на најголемата колекција снежни скулптури, од кои некои се високи и два и пол метри.

Фестивал на светлината во Вилнус, Литванија

(Фото: Алами)

Секој јануари, главниот град на оваа балтичка земја оживува со живописни светлосни прикази, додека градот е домаќин на спектакуларниот Фестивал на светлината, кој првпат се одржа во 2019. Тој содржи извонредни светлосни инсталации и дигитална уметност создадени од меѓународни и локални уметници. Историскиот Стар Град е центар на фестивалот, со инсталации кои се движат од космички прикази до апстрактни форми и хипнотизирачки светлосни проекции на најпознатите градби во градот. Околу 200.000 луѓе доаѓаат да ја искусат оваа магија.