НОВА МИНИ-МАШИНА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ ВО КОЈА МОЖЕ И ДА СЕ ГОТВИ

Чарлстон, (Дезин)

Компанијата „Хитворкс“ од Калифорнија создаде мини-машина за миење садови, која, истовремено, може да се користи и за готвење храна на пареа.

„Тетра“ функционира без цевки за вода, па може да се користи секаде каде што има стандарден електричен прекинувач. За миење ѝ се потребни само вода и мало количество детергент. Температурата може да се контролира и следи преку дополнителна апликација, која им овозможува на корисниците да командуваат оддалеку.

Бидејќи главниот елемент за прочистување на „Тетра“ е водата, таа може да се користи и за дезинфицирање на бебешки производи и за готвење на морски плодови, зеленчук и овошје на пареа.

Иако на прв поглед изгледа мала, „Тетра“ може да собере до 12 чаши или два целосни сета. Миењето трае десет минути, а потребни се два-три литри вода.

„Тетра“ се очекува на пазарот кон крајот на 2018 година, со цена до 240 евра.