ПРИШТИНА СО ГРАФИТИ СЕ ОБИДУВА ДА ГО ПРОМЕНИ СВОЈОТ ИМИЏ НА „ГЛАВЕН ГРАД НА БЕТОНОТ“

Приштина, (Ројтерс)

Позната како „главен град на бетонот“, Приштина се обидува да го промени својот здодевен и сив имиџ со живописни графити на ѕидовите и зградите, кои јавните простори би ги направиле попривлечни.

Повеќе од 100 уметници од 28 држави покрија 2.000 квадратни метри ѕидови во градот со своите дела, што се одвиваше во рамките на фестивалот „Средба на стилови Косово“.

„Кога ќе видите бетон, добивате впечаток дека нешто сѐ уште е во изградба. Кога уметниците гледаат такви локации, тие велат: ‘Ова е најдоброто место за цртање‘“, изјави Агон Џелили, организаторот на фестивалот.

Непрофитната организација „Средба на стилови“ беше создадена во Германија во средина на 1990-ите за да се поддржат уметниците кои би можеле легално да сликаат на запуштени јавни простори. Оттогаш биле организирани повеќе од 400 настани како овој во Приштина.

(Фото: Фејсбук)