ШВЕДСКИ БРЕНД ЗА БАЊИ ПРОМОВИРАШЕ ТОАЛЕТ БЕЗ ВОДА

Шведска, (Дезин)

Шведскиот бренд за бањи „Харвест Мун“ го лансираше својот прв производ: тоалет без вода. Претставен на саемот за мебел во Стокхолм, „Луна“ е тоалет кој ветува еколошко отстранување човечки измет без да се загрози удобноста или хигиената.

Брендот потроши пет години развивајќи го производот, при што корисничкото искуство се смета за исто толку важно како и еколошките предности на тоалетот. „Луна“ нуди значителни заштеди на енергија и вода. Истражувањата покажуваат дека на тоалетот отпаѓаат околу 27 проценти од потрошувачката на вода во домаќинството, што може да биде и до 50.000 литри годишно.

Претставен на саемот за мебел во Стокхолм, „Луна“ е тоалет кој ветува еколошко отстранување човечки измет без да се загрози удобноста или хигиената (Фото: Дезин)

Карактеристиката што ја издвојува шведската фирма од нејзините конкуренти е интегрираната пумпа, така што нема потреба рачно да се празнат контејнери со урина или да се инсталира подземен резервоар за собирање.

„Кога ќе го затворите капакот, урината се пумпа до дестинација што одговара на вашата поставеност“, објасни Хампус Норденсон, дизајнер во фирмата.