СКОПЈЕ ГИ ДОБИ ПРВИТЕ АВТОБУСИ НА ГАС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Град Скопје денеска ги пушти во сообраќај новите, еколошки автобуси на гас. Дваесет и пет од набавените 33 екоавтобуси на германската компанија „МАН“ од денеска ги опслужуваат линиите 2, 5, 15 и 57. Дел од нив се зглобни.

Од Град Скопје велат дека еден ваков автобус годишно ќе заштедува гориво во вредност од 25.000 евра.

Во споредба со старите дизел автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП и истовремено ќе го намали загадувањето на животната средина преку издувни гасови“, соопшти Град Скопје, додавајќи дека преостанатите осум автобуси ќе стигнат до крајот на месецот.