СКУЛПТОРОТ СЛАВЧО СПИРОВСКИ ИЗЛОЖУВА ВО ЊУЈОРК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скулпторот Славчо Спировски се претставува во галеријата на Македонскиот центар во Њујорк со изложбата насловена „Аголност на илузијата на пакетирањето“.

„Станува збор за концептуално дело, односно просторна подно-ѕидна инсталација во галерискиот простор. Оваа просторна сензација е промислена и подготвена специјално за просторот на Галеријата“, изјави Спировски за Македонското радио.

Спировски и Трпчески во Њујорк (Фото: КултурОп)

Од Здружението за култура и уметност „КултурОп“ велат дека изненадување на свеченото отворање на изложбата бил настапот на македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески.