СО ВИДЕОИНСТАЛАЦИЈАТА НА СТРАХИЛ ПЕТРОВСКИ ВО ВЕЛЕС, ЗАВРШИЈА ЕВРОПСКИТЕ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Велес беше меѓу стотина европски градови каде што синоќа беше завршниот дел од Европските денови на културно наследство. По тој повод, визуелниот уметник Страхил Петровски се претстави со видеоинсталацијата „Синергија во времето” во предворјето на Спомен-костурницата.

„Темата на инсталацијата е повеќеслојна и опширна. Секој си ја толкува на свој начин. Самиот објект е многу инспиративен. Поентата беше да направам синергија, синтеза на моето дело и Спомен-костурницата“, кажа Петровски.

Куратор на ова дело беше Златко Теодосиевски, историчар на уметност. До крајот на годината ќе биде претставено и во Париз.

Со овој настан, Народниот музеј во Велес се приклучи кон одбележувањето на Европските денови на културно наследство, кои се одржуваа од 22 до 28 септември. Годинашната тема беше „Одржливо наследство”.

П. ПЕЧКОВ