ВО БРИТАНИЈА СЕ ПУШТА ВО ПРОМЕТ ПРВАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА НА СОЛАРЕН ПОГОН НА СВЕТОТ

Лондон, (Гардијан)

Првата железничка линија на соларен погон на светот ќе биде пуштена во промет денеска во Велика Британија.

Околу 100 соларни панели од фармата покрај Алдершот ќе обезбедуваат електрична енергија за сигнализацијата и осветлувањето на пругата во Хемпшир и овој пилот-проект од 30 киловат/часови треба да постави темели за возовите кои од следната година ќе возат по оваа маршрута на соларен погон.

Ова е дел од новата стратегијата на британските железници, кои планираат да инвестираат милијарди фунти во електрификација на железничките линии во замена за дизелските возови.

Соларните панели веќе се во функција на некои железнички станици во Британија, но проектот во Алдершот е прв во којшто сончевата енергија директно се користи за сообраќај.

„Нашите амбиции се да ја прошириме оваа технологија доколку овој проект се покаже успешен, со цел да им обезбедиме поеколошка и подобра железница на нашите патници“, изјави Стјуарт Кистрак, директорот на железницата на Весекс.

Тимот кој стои зад овој проект, што почна пред две години, планира и воведување соларни трамваи во Единбург, Глазгов, Лондон, Нотингем и Манчестер.